ОДРЖАНА ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „НЕПОСЛУШНАТА СВИЛЕНКА“ ОД АВТОРОТ АНА ДЕДОВА

октомври 10, 2024
0 минути

Денес по повод одбележувањето на Неделата на детето, во преполната сала на Мултикултурниот центар, беше промовирана сликовницата „Непослушната свиленка, од роднокрајната авторка Ана Дедова.

Промотор на сликовницата беше професор Доне Донев, Ивана Николова  ја водеше програмата, а Јован Цветанов со учество на учениците претсатави дел од содржината како и поучни пораки и сегменти од сликовницата.

Ученици од 4/1 одделение од ООУ „Никола Карев“ – Кочани, под менторство на наставничката Анкица Манасиевска, одиграа драматизација на сликовницата.

Настан беше збогатен со изведба на музичка нумера од страна на најмалите во хорот при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

ЈОУ „Библиотека „Искра“ како организатор на промоцијата изрази голема благодарност за сите учесници во реализацијата на промоцијата на сликовницата „Непослушната свиленка“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ