ОДРЖАНО РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА БОРЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ноември 18, 2022
0 min read

Во салата за состаноци во Хотел „Изгрев“ во Штип се одржа редовното Годишно Собрание на Боречката Федерација на Македонија.

На Собранието присуствуваа делегати од 16 активни клубови, членови на Управниот одбор а како посебен гостин присуствуваше и великанот на Македонското борење Шабан Трстена.

Се дебатираше по десет точки од дневникот ред а по изборот на работни тела беше усвоен Извештајот за работа во изминатиот период Освен разрешувањето и именувањето на нови членови во Управниот Одбор беше извршена и промена на името во БФРСМ.

Сепак, најмногу се дебатираше за состојбата кога беше преземено раководењето со Федерација и во каква состојба е сега.

Сите точки од предложениот дневен ред едногласно беа прифатени.

С. Ивановски