Вечерва во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани се одржа редовното годишно собрание на ОФС Кочани. На собранието од вкупно 20 делегати со право на глас присуствуваа 18.
Присутните делегати дебатираа по осум точки од дневниот ред: Усвојување на дневниот ред, Поздравен говор и отворање на Собранието, Усвојување на Деловникот за работа на Собранието, Избор на работни тела,Усвојување на Записникот од Редовно годишно Собрание одржано на 04.02.2023 година, Усвојување на годишна сметка на ОФС Кочани, Извештај за работата на Претседателот на ОФС Кочани и Разно.
Сите осум точки делегатите едногласно ги прифатија
На Собранието беа кооптирани и нови шест делегати кои немаа право на глас а ги претставуваат клубовите кои се натпреваруваат во Општинска Фудбалска Лига – Кочани.
Освен делегатите од ОФС Кочани на Собранието присуствуваа и Наталиа Илиевска Божиновска – Генерален секретар на ФФМ и Владимир Гашевски – член на УО на ФФМ со што Собранието доби легитимност.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ