Почитувани медуими, почитувани сограѓани, браќа и сестри Од мое лично име како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани, и од име на сите наши членови, сакам да се заблагодарам за огромната поддршка што jа доби во првиот круг на претседателските избори нашиот кандидат, професорката, Гордана Силіановска – Давкова. Вчера народот во Кочани покажа дека jа сака Македонија, покажа дека го сака нашиот град и дека промените што ке се случат на 8 Мај се неизбежни.
Гласовите што ги доби професорката Гордана не се гласови само на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се гласови на народ кој не смееш да го потцениш, народ кој сака државата нормално да функционира, народ кој сака конечно да изчезне хаосот во институциите.
Од овде пред штабот, сакам да упатам порака до сите наши членови и симпатизери. Честитки до сите!! Славење без еуфорија и никакви провокации, понижувања и закани кон никој!Народот ни ја даде довербата во првиот круг, не смееме да го разочараме!
Општинскиот комитет до гласаньето во вториот круг ке ги мобилизира сите капацитети кои ги има, Ветерани, УЖ, УМС, чесни луѓе и патриоти. Исто така комитетот ги повикува сите граѓани без разлика на нивната политичка определба да ни се придружат во борбата која првенствено е насочена кон ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е столбот, ВМРО-ДПМНЕ е јадрото во кое сите останати политички чинители и народ ќе застане, за да ja спречи победата на преходно споменатата ДУИ.
Почитувани, секое седенье дома, секоја индиферентност кон изборниот процес, секоја апстиненција од гласање значи директна поддршка на криминалите од ДУИ и неколкуте нивни измеќари кои им служат ним од СДСМ. Затоа, сите масовно да излеземе на 8 Maj, да гласаме за број 2, да гласаме за промени, да ја спасаме за Македонија.
Само така Македонија ќе биде повторно твоја!!!
Мирче Стојков-Претседател на
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ