ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ, УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКО-АКЦИЈА

мај 17, 2024
1 min read

Денес Кочани беше учесник во најголемата еколошка акција во државата „Генералка Викенд 24“, којашто по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај.

Нашето училиште ја продолжува традицијата да учествува во акции од еколошки и хуманитарен карактер. Посебно маркантни и вредни беа учениците од 9-2 одделение. Тие под менторство на нивниот наставник по географија Сашко Стефановски, му дадоа нов лик на околниот простор на комплексот АСНОМ.

На тој начин покажаа колку им значи изгледот на нивниот роден град Кочани. БРАВО млади екологисти.

ООУ „Никола Карев“  – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ