По повод 8. Март Меѓународниот ден на жената, утре (Среда) со почеток во 12:00 часот во Салон фоаје 1 при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани ќе биде претставена изложбата насловена како „Подари цртеж во замена за цвеќе“.
Изложбата која традиционално се организира по повод 8. Март се дела на учениците од училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани: Стефан Коцев, Јована Давитковска, Николиа Манева, Ангела Ангелова, Андреј Митев, Јован Христов, Борис Цветков, Андреј Велков, Мила Борова, Драгана Филипова, Бојана Крстова, Лилјана Стојкова, Јана Димитрова, Јана Ангелова, Елена Костова, Натали Лазарова, Ина Стојменовска, Исак Ристов, Ана Каранфилова, Ведрана Лазарова, Бојана Гаврилова, Сара Серафимова, Јован Костадиновски, Ева Иванова, Катерина Стојановска, Даријан Тодоровски, Јоана Николоска, Ведран Петрушев, Јакимова Радмила и Мила Захариева.
Ве очекуваат.
С. Ивановски