Втора седмица по ред како „Осогово“ се подготвува за претстојното првенство во Втората Фудбалска Лига.
По десет дневни подготовки „жетварите“ веќе утре (Четврток) го играат и првиот подготвителен натпревар. Противник ќе им биде екипата на „Трајал“ од Крушевац (Република Србија) а натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот терен во Пехчево.
Што се однесува до играчкиот кадар ништо со сигурност не може да се каже бидејќи екипите и слободните играчи се во постојана комуникација.
Засека „Осогово“ доведе неколку млади играчи со кои според стручниот штаб ќе биде зголемен ростерот.
Досега за „Осогово“ потпишаа: Марио Симоски (Брегалница 2008 – АД Штип), Бојан Сандев (Работнички – Скопје),
Иван Николовски (ГФК Куманово) и Лазе Гичев (Слога 1934 – Виница).
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ