Уште што треба да се случи па да некој си го стави прстот на челото и да слезе во соблекувалната за да го праша комплетниот Стручен штаб и играчкиот кадар, дали случајно знаат чиј светол дрес носат или пак ним им е важно само да истрчаат на теренот, да чекаат први во месецот а кои резултати ќе ги постигнат воопшто не е важно.
Вака отприлика би требало да се размислува по денешното понижување на „Осогово“ во Охрид. „Жетварите“ претрпеа висок пораз од 0;5 што уште повеќе ги зацврсти на дното на табелата и остануваат во грчевитата борба за зачувување на второлигашкиот статус.
Денес во Охрид во рамките на 20-тото коло од Втора Фудбалска Лига истоимениот клуб беше подобар партнер од слабата екипа на „Осогово“ и со головите на Емил Скоко 27’, Дамјан Масевски 41’63’, Филип Димоски 53’ и Самед Кадриоски 76’ сосема заслужено славеше со 5:0 (2:0).
Ова е тежок пораз за кочанчани ако се знае дека „Каменица Саса“ со пресврт дојде до три бода во Тетово, но и олеснителна околност бидејќи Победа не победи, а Караорман загуби.
Шанси значи постојат но со ваква поставена игра и со ваков приод на играчите тешко, многу тешко.
Резултати од 20-тото коло:
„Охрид“ – „Осогово“5:0
„Победа“ – „Беласица“ 0:0
„Башкими“ – „Новаци“ 1:0
„Тетекс“ – „Каменица Саса“ 1:3
„Беса“ – „Детонит Плачковица“ 0:0
„Пелистер“ – „Кожуф“ 1:0
„Аресими“ – „Караорман“ 3:0
„Скопје“ – „Вардар“ (Н) 1:0
Во следното коло „Осогово“ гостува на „Беласица“ во Струмица.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ