„ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ВО СТРУГА, КОЧАНЧАНИ ПОТКЛЕКНАА ВО ФИНИШОТ

ноември 5, 2023
1 min read

Екипата на „Осогово“ не успеа непоразена да се врати од брегот на Охридското езеро. Кочанчани денес  по лошо и ветровито време, и терен натопен со вода во рамките од 11-тото коло од Втора Фудбалска Лига загубија од домаќинот „Караорман“ во Струга“ со резултат 0:2 (0:0).

Според информациите до кои што дојдовме натпреварот бил тврд со малку шанси за гол. „Жолто-сините“ од Кочани имале први можност да го откријат резултатот но Јован Дојчинов не успеал да се снајде и шансата гостите да поведат отидшла во неповрат. Домаќините единствената шанса во првото полувреме ја имале кога ја погодиле пречката.

Второто полувреме речиси копија на првото, но и во таква игра сепак домаќините дошле до посакуваните три бода. Резултатот бил откриен во 76’кога нововлезениот играч Игор Клечкароски убаво го извел слободниот удар. Топката по лизгавиот терен отскокнала пред голот на „Осогово“ и добила ново забрзување по што завршила во мрежата.  Победата домаќините ја обезбедиле во 87’ а стрелец на вториот погодок за „Караорман“ бил Агон Хајредини.

Резултати од 11-тото коло:

„Караорман“ – „Осогово“  2:0

„Каменица Саса“ – „Охрид“  1:1

„Детонит Плачковица“ – „Новаци“  3:0

„Кожуф“ – „Беласица“  1:1

„Вардар“ (Н) – „Победа“  3:2

„Скопје“ – „Башкими“  3:1

„Аресими“ – „Тетекс“  2:1

„Пелистер“ – „Беса“  1:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ