Стотина дела нацртани од вештите раце на учениците од училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани под раководство на м-р Александра Димитрова , се поставени на изложбата насловена како „Стара архитектура“ која синоќа беше отворена во „Фоаје 2“ во културната установа „Бели Мугри“.
Учениците изминатиот период твореа на повеќе локации во и надвор од градот. Делата се изработени во различни техники а на истите се презентирани објекти од старата архитектура.
Изложбата ќе биде отворена во следните две седмици а љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во делата во кои околу триесетина ученика од школата имаат вложено доста труд и време.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ