Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со богата културно уметничка програма ја испратија старата и ја пречекаа новата година.
Во холот на училиштето но и во училишниот двор се одржа традиционалниот базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки.
Преку вештите раце на децата а со помош на наставниците и родителите изложените експонати беа вистинско задоволство за присутните.
Училиштето беше преполно со родители и ученици кои си купија од рачните изработки.
Учениците од шесто до деветто одделение пак надвор во училишниот двор гостите ги угостија со чајче и новогодишни колачиња.
На базарот му претходеа работилници на кои учествуваа родителите и учениците и ги направија сите изработки кои ги продаваа на штандовите.
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ