Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 122 години од раѓањето на македонската револуционерка и 39 години од основањето на училиштето.
По тој повод градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, членови на Советот на Општината, училишни и партиски делегации, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор.
Директорот на „Малина Попиванова“ Благој Петров соопшти дека меѓу двата патрони празника се набавени нови нагледни средства, реновирани се две училници за првоодделенци и формирана е паралелка за продолжен престој.
Пред публиката беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ