ВЕЧЕРВА И ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА 60. ИЗДАНИЕ НА ДРАМСКИОТ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ

мај 22, 2023
0 минути

Со театарската претстава „Синиот портокал“ во изведба на театарот од Велес „Јордан Х.К. Џинот“ вечерва во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани и официјално започна 60 издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал).

Во пресрет на претставата беше свеченото отворање на фестивалот на кое свое обраќање имаше Кристина Атанасова Арсова – директор на годинешниот фестивал а за отворен истиот го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

По свеченото отворање од името на Управниот одбор на ДАФ беа доделани благодарници за особен придонес и поддршка во развојот и организацијата на ДАФ,  на  Општина Кочани која ја прими Градоначалникот Љупчо Папазов и на Благој Пенов долгогодишен директор на фестивалот.

С. Ивановски