ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ „А ОВА ЃУБРЕ КОЈ ДА ГО СОБЕРЕ?“

Само неколку минути откако ја објавивме информацијата дека Комуналните служби на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани исчистија повеќе мали депонии на неколку локации наши сограѓани ни испратија две фотографии со коментар: „Добро е што направиле акција за расчистување на мали депонии во дел од градот и околината но јавно прашуваме, кој…

РАСЧИСТЕНИ МАЛИ ДЕПОНИИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО КОЧАНИ

Комуналните служби од Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ исчистија повеќе мали депонии на неколку локации во Кочани. Со механизација на „Водовод“ отстранет е насобраниот смет под ѕидот на улицата „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Отстранети се и малите диви депонии на патот од Грдовци кон Прибачево. На паркингот пред Спортско-рекреативниот центар…

ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ, СООПШТЕНИЕ

Почитувани сограѓани, сакаме да ве известиме дека од 06.03.2025 година во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, започнуваат прегледи од специјалист по физикална, во попладневните часови односно втора смена. Како и до сега, прегледите треба да се закажуваат преку мој термин преку матичните лекари. Со ова уште еднаш докажуваме дека секогаш излегуваме во…

ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ 8-МИ МАРТ ПОСЕТЕТЕ ГО „FACE FANTASY BEAUTY SALON“

Остануваат уште неколку дена до празникот на сите мајки, на сите жени, „Меѓународниот ден на жената“ 8-ми Март. Епа мои дами, ако сакате да бидете во друштво на убавите нешта не заборавете да го посетите „Face Fantasy Beauty Salon ‘ каде со оригинални материјали ќе можете да ја добиете потребната нега за убавина. Шминка, маникир,…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПРВА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“

Денес се одиграа натпреварите од 19-тото вонредно коло во Втората фудбалска лига. Екипата на „Осогово“ на гостувањето во Радовиш ја забележа првата пролетна победа. Кочанчани заминаа на ова тешко гостување  без бело знаме но и со верба во сопствените можности дека со максимално залагање можат да го изненадат фаворизираниот „Детонит Плачковица“. Во 30’ минута Паунов…

НАЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ДЕЦАТА, КНИГИТЕ И ДОБРИНАТА“

ЈОУ Библиотека „Искра“  утре, 5 март 2025 година во 13 часот, ќе ја реализира првата работилница предвидена за 2025 година, од проектот „Децата, книгите и добрината“,  со координатор Ивана Атанасова. На утрешната работилница ќе учествуваат ученици од 4 одд. од ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Идејата за проектот произлегува од истражувањето спроведено од страна на…

ВО ЧЕТВРТОК КОНЦЕРТ „ЗА НАШИТЕ И ЗА СИТЕ МАЈКИ“

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената во Четврток (06.03.2025 година) ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ќе одржи музички концерт под наслов „За нашите и за сите мајки“. Концертот со свирење и пеење посветен на сите мајки ќе се одржи во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани со почеток во 19:00 часот. Распеаните музичари…

ВО КОЧАНИ ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ, 80 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

На свечен настан, Општинската организација на Црвен крст Кочани го одбележа јубилејот од 80 години од основањето на Црвен крст на Р. С. Македонија. Под мотото „80 години Ние гледаме луѓе“, на свеченоста, од страна на претседателот на Црвен крст на Р.С. Македонија, Ромел Велев во името на националното друштво беа доделени плакети на општините…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДОБИ ПЛАКЕТА ЗА ПОДДРШКАТА И РАЗВОЈОТ НА РАБОТИКАТА

На Државниот натпревар по роботика што се одржа на 1 март во Скопје, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов доби признание за поддршка на развојот на роботиката, како инвестиција во иднината, во децата, во идните генерации инженери, научници и визионери. На натпреварот на кој учествуваа 23 екипи, од кои 16 од основни училишта од државата…

ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОБЈАВИ КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ ЗА МЛАДИ НАДЕЖНИ СПОРТИСТИ

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2024 година, во машка и во женска конкуренција. Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува  десет месеци во 2025 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Право…