И она што ќе го изградиме со сопствени средства или од некоја донација не знаеме да го сочуваме.
Најдобар пример за тоа е изградената патека за туристите и за љубителите на природата која од стариот мотел „Гратче“ оди до Хотел „Гратче“. Патеката изградена со бекатон плочи од пред само пет години деновиве изгледа очајно.
Од туристите кои многу често го посетуваат „Гратче“ дознаваме дека обилните дождови и неконтролираното носење на тешка опрема со камионите за изградба на наметнатата мини хидроцентрала е причината за свлечување на земјиштето на патеката, а поради растресеноста на теренот патеката се оштетува и свлекувањето на земјиштето продолжува кон самата вода на езерото „Гратче“.
Освен проблемот со свлекување на земјиштето друг проблем на кој се жалат посетителите се големите гранки кои се надвиснати на самата патека и се дополнителен проблем за движење.
Под чии и да е ингеренции патеката треба да се исчисти, но и да се заштити. Како? Тоа го знаат експертите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ