ПЕТ МЕДАЛИ ЗА ГИМНАСТИЧАРИТЕ НА КГС „КОЧАНИ“

октомври 30, 2021
0 min read

Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови на република Северна Македонија, денес во Битола се одржа годинешниот државен натпревар од „А“ лига во машка и женска конкуренција.

КГС „Кочани“ настапи со седум натпреварувачи, сите во машка конкуренција и освои пет медали од кои две златни и три сребрени.

Со злато се закитија:

Матеј Постолов (Помлади пионери)

Мартин Андонов (Млади јуниори)

Ристе Симеонов (Јуниори)

Сребрените медали се најдоа на градите на:

Андреј Јованов (Млади јуниори)

Димитриј Спасов (Јуниори)

Преостанатите двајца натпреварувачи Лука Естатиев (Помлади пионери) и Петар Тасев (Постари пионери) ги освоија четвртите места во своите категории.

С. Ивановски