Вечерва се одиграа полуфиналните натпревари од 21. издание на петровденскиот турнир во мал фудбал по што стана јасно кои екипи ќе играат во големото а кои во малото финале.
„Ауто велт“ вечерва ја совлада екипата на „Амфенол“ со 2:1 (2:0), додека во вториот натпревар екипата на „Фичобарбер Шери казино“ со подобра и ефикасна игра особено во второто полувреме го совлада „Рели“ 5:0 (0:0).
Така во Среда во малото финале кое се игра во 19:00 часот ќе се сретнат кипите на „Амфенол“ и „Рели“, додека еден час подоцна, односно во 20:00 часот во големото финале се среќаваат „Ауто велт“ и „Фичобарбер Шери казино“.
По завршувањето на финалниот натпревар ќе биде прогласувањето на најуспешните.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ