Во рамките на 13-тото коло од Првата Пингпонгарскалига, пингпонгарите на „Кочани“ убедливо ја совладаа екипата на „Крушево“ со 4:0.
Победата добива на тежина ако се знае дека „Крушево“ им е еден од директните конкуренти на кочанчани за плеј-оф натпреварите преку кои се обезбедува пласман во Супер пингпонгарската лига на Македонија.
Убав успех на ветераните на кочанскиот пинг-понг кои години наназад ги восхитуваат љубителите на спортот во Кочани.
С. Ивановски