По објавени реакции на социјалните медиуми од страна на засегнати граѓани во врска со оштетена решетка за одведување на атмосферска вода на улица “Македонска” и неколку оштетувања на улица “Ѓорче Петров” во Кочани, екипите на КЈП “Водовод” денеска излегоа на лице место за утврдување на состојбата и санација на настанатите оштетувања.
На улица “Македонска” е извршена реконструкција на оштетена решетка за одведување на атмосферска вода и целосно чистење на одводниот испуст за оваа сливна решетка, за да се спречи неконтролирано излевање на атмосферските води по должината на улицата и непречено одвивање на сообраќајот.
Исто така на улица “Ѓорче Петров” во Кочани по утврдени неколку оштетувања, градежните екипи на КЈП “Водовод” вршат соодветна санација на настанитете оштетувања.
Во интерес на безбедно и брзо завршување започнатите интервенции потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, затоа замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ