ПОМЛАДИТЕ ЕКИПИ НА ГФК „ОСОГОВО“ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОБЕДИ

Во Спорт
ноември 8, 2021
0 минути

Екипите на ГФК „Осогово“ во помладите категории продолжуваат со добрите настапи и одлични резултати.

Во третото коло во категоријата „Постари пионери“ и „Помлади пионери“ играчите на „Осогово“ забележаа победи и во двете конкуренции и со стопостотен учинок после првите три кола се во горниот дел на табелата.

„Осогово“ во саботата како домаќин ги совладаа соодветните екипи на „Кит Го“, во категоријата „Постари пионери“ 5:1 и во категоријата „Помлади пионери“ 3:0.

Од клубот најавуваат дека ќе продолжат и понатаму да работат и дека нема да застанат на овие резултати бидејќи како што истакнаа целта им е освојувањето на првите места.

С. Ивановски