ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ

декември 19, 2024
1 минути

Во просториите на КЈП „Водовод“ – Кочани беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу компанијата „Еко Проект Ко“ од Кочани и  КЈП Водовод – Кочани насловен како  „Со граѓаните, за граѓаните”.

Целта на овој проект е да се рабуди совеста кај секој поединец и сите заедно да селектираме отпад од хартија и пластика за да не ја загадуваме животната средина, туку да придонесеме за чисто и убаво Кочани.

Со овој проект изговорот од типот дека тој и тој е виновен веќе завршува, сега одговорноста за чистота и селектирање е во рацете на населението.

За да се во целост реализира овој проект  570. садови за селекција на отпадот се поставуваат на јавни површини и по приватни домови, а како што истакнаа од компанијата „Еко Проект Ко“ со ова сите ќе  покажеме дека навистина сакаме урбано и чисто Кочани.

С.  Ивановски