ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА СО ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ

декември 24, 2025
1 минути

Вработените во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и годинава во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници се погрижија пред своите роднини и пријатели како и пред останатото население да се престават во најубаво светло

По тој повод на нивната програма се најдоа две забавни дружења во изведба на најмалите и најмилите од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Во Петок со почеток во 11:30 часот под мотото „Заедно да се дружиме, пееме и забавуваме“  ќе го имаат својот настап во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, а во

Недела со почеток во 12:00 часот на истото место, „Паркот на Револуцијата“ закажуваат дружење под мотото „„Среќни божиќни празници“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ