Телото за управување со Заштитен предел „Осоговски Планини“ во соработка со Македонското еколошко друштво, локални планинарски и велосипедски друштва, а сето тоа во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), координирана од Фармахем, денес во Инфоцентарот „Пониква“ беше организиран настан за промоција на пределните вредности на Заштитен предел „Осоговски Планини“.
Дел од Осоговските Планини е прогласен за заштитено подрачје од категорија V – заштитен предел, токму заради пределските вредности, кои ги нуди овој планински масив.
Целта на настанот беше да се презентираат карактеристичните пределни и естетски вредности на Заштитен предел „Осоговски Планини“, преку изложба на фотографии „Осоговските села“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ