Вчера (30.08.) на подрачјето на Полициската станица Кочани полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип, заедно со припадници на Шумската полиција на повеќе излетнички места (Плачковица, брана „Речани“, месностите „Дабо“, „Мегдано“ и „Пресечена скала“) постапувајќи согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираа превентивни активности од областа на заштита на шумите и шумските предели од пожари.
За време на активностите, преку непосредна комуникација со граѓаните им беше укажувано за неопходноста од внимателност особено да не фрлаат запаливи отпад – пред се во смисол на фрлање отпушоци. На граѓаните им беа презентирани сите ризици што можат да доведат до шумски пожари и начините за превенирање од таквите појави. Исто така беше нагласена важноста од благовремена комуникација со полицијата и другите надлежни институции.
За време на активностите беа делени и летоци со информативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Соопштение на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ