ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ПОЧИНАЛ ОД СТРУЕН УДАР

јули 9, 2025
1 минути

На 08.07.2025 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 08 часот, при изведување градежни работи на објект кај селските гробишта во с.Соколарци, општина Чешиново-

Облешево, С.М.(37) од с.Соколарци, се здобил со повреди од струен удар, по што починал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено на обдукција.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ