ПРИ ПРЕТРЕС ВО КОЧАНСКО, ПРОНАЈДЕНИ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА

јули 12, 2023
0 min read

На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61) сите од Кочани.

При претрес во домот на Д.С. и Ј. С. Во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при претрес во викенд куќа на Д.М. во с.Тркање, кочанско, исто така извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар.

Лицата иле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ