ПРИЈАТЕН ВИКЕНД ЗА КОЧАНЧАНКИ ВО ВАЛАНДОВО

Во Спорт
октомври 20, 2024
1 минути

Девојчињата го одиграа 6-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига . Лидерот на табелата „Кочани“ имаше пријатен викенд во Валандово. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски си поигруваа со своите домаќинки за да на крајот ги совладаат со 16:0 (9:0). Салихи постигна 9 погодоци (6’14’18’20’29’32’49’63’72’) Стојковска 6 (2’7’27’52’70’80’) и Милеска 1 (66’), но доколку гостите беа посмирени во завршницата на акциите домаќинките ќе претрпеа уште потежок пораз.

Дерби натпреварот што се одигра во Скопје им припадна на девојчињата на „Вардар“, „Порече“ беше успешен како домаќин а „Слободен“ слободно си запиша уште еден пораз.

Резултати од 6-тото коло:

Победа 16 – Кочани  0;16

Порече – Борец  5:0

Вардар – Билјанини извори  2:0

Слободен – Плачковица  1:7

Во следното, последно есенско коло „Кочани“ го пречекува „Вардар“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ