На 06.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 27 – годишник од Кочани пријавил дека лицето Е.Ј. од Кочани му барал голема камата за земен заем од 8.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2024 година, искористувајќи ја неговата тешка состојба и нужда од парични средства за лекување на својата малолетна ќерка, лицето му дало пари и побарал од него за услугата да му врати 16.000 денари. Како што е пријавено, тој му ги дал парите во текот на минатиот месец, но на 05.02.2025 лицето дошло пред неговиот дом, физички го нападнал него и неговата сестра и побарал дополнително уште 40.000 денари, кои требало да ги плати на пет рати. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ