На 26.09.2023 во 09.40 часот во ОВР Кочани, С.А.(57) од Кочани пријавил дека околу 09.00 часот во менувачница на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, В.И од с.Облешево, Општина Чешиново – Облешево, при размена на евра во денари приложил 3 банкноти во апоени од по 500 евра, меѓу кои и една сомнителна банкнота во апоени од 500 евра, со намера истата да ja пушти во оптек како вистинска.
Полициски службеници од ОВР Кочани ја одзеле банкнотата за понатамошна постапка. Се работи на документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ