ПРОБЛЕМ, ПАДНАТИ ЖИЦИ НА КОЛОВОЗОТ

јануари 12, 2025
0 минути

Снегот кој постојано паѓа веќе дванаесет часа во Кочани донесе и еден проблем доколку е и проблем.

Имено кај кружниот тек во Стришани паднати се жици на самиот коловоз што засега е проблем доколку истите се под висок напон.

Потребно е надлежните да проверат и да ги отстранат жиците. Според некои минувачи во прашање се жици од некој кабелски оператор кои се само еден мал дел од огромниот број што ги оптоваруваат бетонските столбови во градот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ