На настанот што се случи во текот на денешниот ден беше испромовирано производството на еко плочки за надворешно уредување од отпадна пластика и песок, кој за прв пат во нашата земја се произведе во рамки на овие проекти, и кој како сертифициран производ го најавува своето присуство на македонскиот пазар.
Во процесот на производство на плочките се ангажирани лица со попреченост и лица претставници на етничките малцинства. На настанот свои излагања имаа координаторите на проектите Ирена Мирчовска од Еко Тим Исток – Кочани и Драгица Чобанова од Еко Лајф – Гевгелија, како и Националниот координатор на Глобалниот еколошки фонд – Програма за мали грантови на РС Македонија. Истите изразија надеж дека еко плочката од отпадна пластика и песок ќе го најде своето место на пазарот и дека купувачите ќе го препознаат еколошкиот како и социјалниот аспект кој се проплетува низ оваа успешна приказна.