ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАНТОВ МЕЧТАЕШЕ ЗА ФУДБАЛОТ“

септември 6, 2024
1 минути

Вечерва во  преполната сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани пред присутните беше претставена книгата „Мантов мечтаеше за фудбалот“чии автори се Ацо Стојановски и Љубинка Ајтовска.

Модераторот на книгата Магдалена Кочовска Салтирова пред присутните зборуваше за животот и делото на Никола Мантов кој на 21 година го напушти овој свет кога во последниот натпревар од Првата Македонска Фудбалска Лига од фудбалската сезона 1972/1973 година на натпреварот против „ФАС 11 Октомври“ од Скопје падна на теренот.

Рецензент на книгата е Валентин Бобришев а свое видување на книгата како и општо за 100 години фудбал во Кочани зборуваше и Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов.

Книгата е печатена во тираж од 300 примероци а голем број од примероците беа доделени на присутните во салата.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ