ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПРИКАЗНИ ОД ПЕТКА“ ОД СОЊА ДРАГОЉУБ ГИЗДАВИЌ

ноември 10, 2022
1 минути

Вечерва во Салон „Фоаје“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше промовирана книгата „Приказни од петка“ која воедно е прво прозно остварување на нашата сограѓанка Соња Драгољуб Гиздавиќ.

Пред љубителите на убаво напишаниот збор кои присуствуваа на вечерашната промоција, извадоци од книгата читаа Љупка Јорданова и Анастасија Михаилова.

За напишаното дело свое обраќање имаше м-р Габриела Стефановска која ги воведе посетителите во содржината на самата книга, како и за инспирацијата на авторот истата да ја напише.

М-р Доне Донев се јавува како Рецензент на ова дело кое е напишано на стил кој секој читател ќе може да го разбере,а самата авторка дека инспирацијата да ја напише книгата е всушност нејзиниот внук кој воедно ја има дизајнирано корицата на книгата, а дека таа во самата книга ги сместила разговорите од патниците кои се возеле во автобусот број 5 во Скопје а таа случајно ги слушала.

 

С. Ивановски