Вечерва, во преполната сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани беше промовирана книгата „Да се убие себе во себе“ чиј автор е м-р Доне Донев.
Од петте монодрами кои се дел од творештвото на Доев а се посветени на Методија Андонов Ченто, на Крсте Петков Мисирков, на Цар Самоил, на Ацо Караманов и на најмладиот член на „Гемиџиите“ Милан Арсов е составено делото кое вечерва и беше претставено на љубителите на убаво напишаниот збор.
Присутните низ промоцијата на книгата ги водеше м-р Љупка Стојменова а за самата книга свое обраќање имаа проф. Д-р марија Соколова, м-р Љубинка Ајтовска и проф. Александар Димитров,
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ