ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈА „60 ГОДИНИ ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ „КОПНЕЖ“ – КОЧАНИ“

февруари 7, 2025
0 минути

Пред членовите, некогашните претседатели и раководители на ЛК ,,Копнеж”, членови на нивните семејства, некогашни и сегашни вработени и директори на ЈОУ Библиотека ,,Искра”, претставници на Општина Кочани, соработници и поддржувачи и љубители на пишаниот збор, денес, беше промовирана монографијата ,,60 години ЛК Копнеж”.

Монографијата е заеднички труд на авторите Славица Цветкова, Аника Илиевска Горгиева, и Кристина Горгиевска Атанасова, рецензент е Гордана Јефтинова, лектор Хилда Димитрова а издавач е ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

„Минатата, 2024 година се навршија 60 години од формирањето на ЛК „Копнеж“, за што како библиотека во чии рамки и во чиј состав работи и функционира клубот, бевме должни и ни претставуваше чест да ја издадеме, а во оваа прилика да ја промовираме монографијата „60 години ЛК Копнеж“ рече актуелниот Претседател н клубот Раче Мицов.

Неколкугодишната идеја од страна на група поклоници на музиката и поезијата за формирање на литературен клуб се остварува во далечната 1964 година, во просториите на ЈОУБ „Искра“. За негов прв претседател бил избран Борис Серафимов. Инаку прв назначен раководител на клубот бил Димитар Гогов кој на таа позиција бил се до 1992 година. По Гогов следуваат: Илија Захариев од 1992 до 1999 година, Вангелија Цавкова од 1999 година се до 2022 година

Во годината на одбележувањето на јубилејот, 60 години од неговото формирање и работење, на 7 септември 2024 година на Литературниот клуб „Копнеж“ по втор пат беше доделена Седмосептемвриската награда „За значајни остварувања за развој на Општина Кочани“ од страна на Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ