В четврток, на 23 јуни 2022 година ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани.
Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третманот против комарци ќе го реализира стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци, а ќе биде употребен широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.
Општина Кочани