За време на викендот се играат натпреварите од Првата Фудбалска Лига за жени. На програмата е 19-тото коло во кое екипата на ЖФК „Кочани“ гостува во Тетово.
Освен натпреварот во Велес каде изразит фаворит се гостинките од Струмица и во Македонска Каменица каде претендентот за највисок пласман е фаворит против гостинките од Струга, на другите натпревари се очекува неизвесност во конечниот резултат.
Двојки од 19-тото коло:
„Шкендија“ – „Кочани“
„Каменица Саса“ – „Ас Јунајтед“
„Борец“ – „Тиверија“
„СЦ Истатов“ – „Љуботен“
„Скопје 2014“ – „Деспина“
Слободна во ова коло е екипата на „Речица“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ