Се одиграа натпреварите од 10-тото претпоследно есенско коло во Прва Фудбалска Лига – Исток. На петте одиграни натпревари постигнати се вкупно 35 погодоци или по 7 во просек по натпревар.
Во Кочани без изненадување. Екипата на „Каменица Саса“ со головите на Ана Димитровска 8’21’40’ 65’,68’, 80’, Бојкова 15’ (авто гол), Талевска 48’ Костова 49’и Шопоска 88’, без поголеми проблеми го совлада „Кочани“ со 10:0 (4:0).
Висока победа оствари и лидерот на табелата „Љуботен“. Во градот херој Прилеп „рибарките“ од Дојран не славно поминаа, „Речица“ дојде до првата победа, додека „Тиверија“ не ја повтори играта од пред една седмица па загуби на брегот на Охридското езеро.
Резултати од 10-тото коло:
„Кочани“ – „Каменица Саса“ 0:10
„Ас Јунајтед“ – „Тиверија“ 1:0
„Љуботен“ – „Борец“ 11:0
„Речица“ – „Шкендија“ 5:1
„Деспина“ – „СЦ Истатов“ 6:1
Слободна беше екипата на „Скопје 2014“.
С. Ивановски