Второ коло, втор пораз за младата екипа на Кочан. И денес се покажа дека разликата во квалитетот меѓу Првата и Втората Фудбалска Лига за жени е преголема. Ако кочанчанки во минатото првенство се прошетаа низ Втората лига, сега и во второто коло во Првата лига доживеала нов пораз.
Денес кочанчанки се поразени како домаќинки од екипата на „Речица“ 1:3 (1:2). Девојчињата од екипата на Речица први го открија резултатот.. Се играше 12’ кога Петковска донесе водство за гостинките за да во 33’ Митковска го зголеми водството. Само пет минути подоцна, во 38’ домаќинките намалија на 1:2 а стрелец беше Милеска. Конечните 1:3 беа поставени во 78’ кога Митковска по втор пат се запиша во листата на стрелците.
Интересно е што во ова кола сите четири гостински екипи забележаа победи, единствено како домаќин славеше екипата на „Брера Тиверија“ која со службен резултат 3:0 го совлада „Атлетико“, клуб кој се повлече од првенството. Дерби натпреварот во Македонска Каменица заврши со 2:0 за гостинската екипа „Љуботен“, „Ас Јунајтед“ го победи „Истатов“, а „Скопје 2014“ славеше против „Топ Гол“ .
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ