За време на викендот се играат натпреварите од 14-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.
Во сабота на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 11:00 часот се игра дербито на дното во кое кочанчанки, некогашните Шампиони и победници во Купот ја имаат првата меч топка за зачувување на прволигашкиот статус.
Минатогодишниот шампион „Љуботен“ гостува во Струга, а во „градот на рударите“ каменица гостува екипата на „Скопје 2014“ Мошне интересен е и натпреварот во Струмица каде домаќинките ја пречекуваат екипата на „Деспина“, а „СЦ Истатов“ и гостува на „Шкендија“.
Двојки од 14-тото коло:
„Кочани“ – „Речица“
„Ас Јунајтед“ – „Љуботен“
„Тиверија“ – „Деспина“
„Каменица Саса“ – „Скопје 2014“
„Шкендија“ – „СЦ Истатов“
Слободна во ова коло е екипата на „Борец“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ