Се одиграа натпреварите од 22-то последно коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Најинтересен беше натпреварот во Тетово каде „Љуботен“ и „Каменица Саса“ одлучуваа кој ќе ја понесе титулата. Натпреварот заврши без победник што значи дека „Љуботен“ го повтори успехот од минатата година.
Во Кочани ништо ново. Истоимениот клуб ја пречека екипата на „Тиверија“ и натпреварот го заврши со 11 примени погодоци. „Речица“ не дозволи изненадување со „Борец“, со сигурна игра и нова победа велешанки ги испратија во второлигашкото друштво.
„Деспина“ како домаќин без проблеми ја совлада „Шкендија“ а натпреварот помеѓу „Скопје 2014“ и „СЦ Истатов“ заврши мирољубиво.
Резултати од 22 коло:
„Кочани“ – „Тиверија“ 0:11
„Скопје“ – „Истатов“ 2:2
„Деспина“ – „Шкендија“ 6:0
„Речица“ – „Борец“ 4:0
„Љуботен“ – „Каменица Саса“ 1:1
Слобдна беше екипата на „Ас Јунајтед“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ