Во Сабота и Недела се играат натпреварите од 8-т коло во Првата Фудбалска Лига за жени.
По месец и половина екипата на „КочанИ3 повторно ќе им можност да одигра натпревар пред своите гледачи.
Во изминатите седум кола кочанчанки освоија само еден бод, но од клубот најавуваат серија натпревари со полесни противници или рамни на нив па со право очекуваат уште некој бод на контото.
Двојки од 8-то коло:
„Кочани“ – „Шкендија“
„Ас Јунајтед“ – „Каменица Саса“
„Тиверија“ – „Борец“
„Љуботен“ – „СЦ Истатов“
„Деспина“ – „Скопје 2014“
Слободна е екипата на „Речица“.
С. Ивановски