РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ДПМНЕ

ноември 1, 2022
1 min read

ЛИЦЕМЕРИЕТО ПРОДОЛЖУВА…
Почитувани челници на ДПМНЕ,
За неверување е колку ги потценувате нашите сограѓани и по милионити пат се трудите дрско и бесрамно да ги излажете.
На последната седница на Совет која се одржа во саботата го гласавте мораториумот за вработување во КЈП „Водовод“ до 31 декември 2022 година и поддржавте план со кој „Водовод“ ќе се преструктурира во функционално претпријатие.
Добро одиграна претстава за која се знае дека јавноста ја следи во живо.
Сепак, во понеделник – само еден ден после вашиот театар, почнавте со вработувања!?
Понатаму – барате да се гласа одлука за зголемување на цената на геотермалната вода како единствен излез – а Владата веќе усвои одлуки во интерес на јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици.
За која цел се наменети тие средства?
Дали нашите сограѓани треба да ви го сносат трошокот за реализација на вработувањата кои ги планирате?
Дали нашите сограѓани треба да плаќаат за вашата очигледна нестручност и безидејност?
Менаџментот на КЈП ,,Водовод” не смее да се оградува од одговорност!
За почеток треба да почне да менаџира во интерес на народот!
Вашата неспособност е погубна за целата општина!

OO на СДСМ Кочани