РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „ПОП АРСОВ БЛАЖЕ“

април 17, 2022
0 минути

Објава и фотографии добивме од жители од улицата „Поп Арсов Блаже“ кои како што истакнуваат имаат проблем со доводното црево за вода а и со улицата која излегува на главната улица.

„Ве молиме јавно пуштете ја објавата. Ние жителите на населба Трајаново трло и Шатровик сме изреволтирани од општината и одговорните за настанатата ситуација. Многу често пука доводното црево и прави поплава по улицата, а и во дворовите. Од КЈП „Водовод“ дојдат ќе го поправат но потоа остануват само ископани дупки и знаци кои стојат со месеци, со изговор дека они не се надлежни да го средат проблемот до крај т.с. да се смени доводното црево кое не е квалитетно и соодветно поставено на длабочината која треба и дека треба да се смени во целост. Од другите институции одговор нема а проблемот си стои. Исто така уличката која треба да ги спојува двете поглавни улици ниту е во план ниту се спомнува, остана црн пат па моравме ние да ја тампонираме како знаеме и умееме за да не ни влегува песок во дворовите. Ние како граѓани кои сеуште остануваме во оваа земја имаме право да реагираме за нашите права и нашите пари. Зошто плаќаме комуналии? Зошто плаќаме улично осветлување а немаме? Зошто плаќаме данок на државата? Фотографии од улицата испративме на страницата на општина Кочани и другиот ден одма дојдоа од Водовод, ја потрупаа дупката а после два дена пак дојдоа ја ископаа дупката го променија доводното црево и сега улицата е во поголем хаос но се надеваме дека наскоро ќе се среди зошто имаме информации дека ќе се трга постоечкиот асфалт а ќе се става нов. Улицата пак која излегува на главната улица така ќе останела а така е 20 години“.

Жители од улицата

Поп Арсов Блаже