РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ОРИЗАРИ

декември 6, 2024
1 минути

Како дел од активностите на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари за зајакнување на соработката помеѓу родители, ученици и наставници, учениците и наставниците од 4 то одд. реализираа работилница со родителите под наслов „Готвиме заедно“.

На работилницата родителите и учениците зготвија вкусни солени и слатки специјалитети и ги покажаа своите вештини во кулинарството.

На крајот од работилницата сите ученици и родители имаа можност и да вкусат од преубавите јадења кои ги зготвија заедно.

Востановениот триаголник на релација наставник – ученик – родител е од суштинско значење за успехот како на ученикот, така и на училиштето.

Инволвирањето на родители во воспитно – образовниот процес неминовно ќе доведе до зголемена меѓусебна помош во постигнувањето на повисоки образовни резултати, квалитетно решавање на тековните и заедничките проблеми, размена на искуства и идеи и подобрување на условите за работа во училиштето.

Освен оваа работилница, вакви и слични активности организираа и другите наставници од одделенска настава преку што значително се работи на зајакнување на соработката на релација наставник – родител – ученик.

Инаку деновиве започна и новогодишното украсување на училиштето, а наставниците и учениците пред завршетокот на првото полугодие подготвуваат новогодишни активности изненадувања и новогодишен базар кој што ќе се одржи пред почетокот на празниците.

ОУ „Крсте Петков Мисирков“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ