Во организација на Општина Кочани, денеска беше спроведена акција за пошумување на месноста над село Бели. Станува збор за пошумување на површини кои претходно беа опожарени.
Во денешната акција освен вработените во Општина Кочани, учество зедоа ТППЕ Кочани, екипи од Секторот на Градско зеленило КЈП „Водовод“, како и двете младински организации при средните училишта „Гошо Викентиев“ и „Љупчо Сантов“.
На денешната акција засадени се 3 илјади садници од видот багрем.
Општина Кочани