Утре (Среда) со почеток во 19:30 часот во „Салон 2“ при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани љубителите на уметноста ќе можат да го проследат отворањето на самостојната изложба на м-р Александра Димитрова „Нова димензија во создавањето 2“.
Самата изложба е насловена како патувачка бидејќи истата е планирано да биде поставена и во другите градови на македонија со цел што повеќе љубители на уметноста да се запознаат со делата на м-р Александра Димитрова.
Овој проект е финансиран од Министерство за култура на република Македонија и Општина Кочани а е поддржан од НУЦК „бели Мугри“ – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ