СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА САДЕЊЕ ДРВЦА НА ОПОЖАРЕНИТЕ РИДОВИ

февруари 4, 2022
0 минути

Минатата седмица добивме допис од граѓани кои се интересираат дали опожарените дрвца по околните ридови, конкретно спроти „Бавчалук“ кои сега со сеча се отстрануваат се планира да бидат повторно пошумени.

Информација побаравме од надлежните во „Македонски шуми“ од каде дознавме дека по сечењето на опожарените дрва ќе се помине на чистење на почвата и дека е планирано да се засадат нови дрвца но не како досега од сортата бор, туку со лисјасти дрвца како што се багрем, јасен а некаде и јавор.

Според направените анализи од нивна страна на таа надморска височина најмногу би одговарало да се засадат лисјасти растенија иако теренот е многу тежок и претежно е карпест.

Од „Македонски шуми“ се надеваат дека до крајот на оваа година комплет ќе биде завршено третирањето на опожарените ридови и дека најдоцна до следната пролет ќе се започне со садењето на нови дрвца.

С. Ивановски