СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ПОД КРОВОТ ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ВО КОЧАНИ

март 21, 2022
1 min read

Деновиве започнаа градежните работи на просторот под кровот во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Овој простор со години не беше искористен до максимум но сега со новиот проект комплетниот простор со површина од 640,50м² ќе биде комплетно функционален

Според проектот просторот опфаќа:

-Ходник со ПВЦ винил – 99,05м²;

-Атеље со ПВЦ винил – 91,40 м²;

-Просторија за книжен фонд и читатели  со ламинат  – 130,80 м²;

-Просторија за чување на комплетната архива со ламинат – 91,40 м²;

-Магацин со керамички плочки – 95,85 м²;

-Фитнес сала со ПВЦ винил – 132,20 м².

Со добивањето на овие простории и учениците и вработените ќе имаат поголем комфор за работа.

С. Ивановски