„Како портал сакам да вас да ве информирам а вие да ги информирате читателите дека старата песна пак се пее. На пат кон Пониква речиси секој викенд истата глетка како од лани. На еден од свиоците заштитната ограда на патот ја нема, испарила некаде за да тој што има подолу некаква си куќарка несметано си се спушта од патот. И замислете кога си заминува од едниот крај на другиот на извадениот дел врзува зелен конец манила за да не заштити нас возачите. Убаво прави човекот се грижи за нашата безбедност кога веќе Македонија пат не е моќна за да не заштити а и бојата на конецот е еколошка. Денес оградата ја нема, додуше никогаш и ја немало во последните две години ама на враќање видовме дека и манилата ја нема што не наведува на помислата дека сопственикот на куќарката уште си нема заминато дома. Која иронија, која немоќ и на Македонија пат и на општината а се перчеме дека Пониква ќе ја правиме туристичка атракција. И богами атракција е бидејќи вакво нешто нема никаде. Можеби не дај боже ако се случи нешто и ќе почне некој да се занимава за да планината ни стане туристичка атракција. Овака како што идат работите тешко за следните 50 годиниама ќе ја биде. Објавете го ќе ве молам целиот текст за да некој се чукне во главата и почне да мисли за безбедноста на оние кои ја сакаат и посетуваат Пониква. Поздрав“ вака стои текстот во чиј прилог се доставени и две фотографии од љубител на планините кој речиси секој викенд доколку има можност заминува на чист воздух.
СЕКОЈ ВИКЕНД Е ИСТО, САМО ДЕНЕС МАНИЛАТА ЈА НЕМАШЕ
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Конфекција АМОР - Кочани има потреба од вработување на:
- Работници со или без работно искуство во кројница
- Рабтници на машина со работно искуство
САБОТИТЕ СЕ НЕРАБОТНИ
Пријавување во просториите на конфекцијата од понеделник до петок од 07:30-14:30 часот
Информации на телефон: 033-275-550 и 070-336-048
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Поради зголемениот обем на работа Конфекција Алекс од Кочани нуди вработување на текстични работнички. Тел за контакт: 078/451-796
СЕ ПРОДАВА
На улица „Иван Иванов - Балаш“ бр. 77 во Кочани, се продаваат два стана едниот 85м2, другиот 155 м2. Контакт: 074-201-651
СЕ ПРОДАВА
Се продава куќа (приземје и кат) на ул. „Коста Рацин“ бр. 1 заедно со дворно место, гаража и помошна просторија близу до училиште, градинка и пазар.
Контакт: 070-213-606